Есенско раздвижување на Ротаракт Прилеп
Во наредните две недели, Ротаракт Прилеп најавува три активности со кои ќе се обиде да ги раздвижи граѓаните и да ги поттикне волонтерството, грижата за животната средина и заедничкото делување.
Првата активност е во недела. Еколошка акција за чистење на теренот од манастирот во Селце до Топташ, во која ќе се вклучат планинарски друштва и прилепските извидници.
На 3 ноември, кај Саат-кулата, Ротаракт и Ротари ќе организираат заеднички арт-хепенин, кај градскиот саат.
На 15 ноември, исчистениот тереб Селце-Топштаѓ ќе бидат засадени 100 садници.
Три активности, различни поводи, но заедничка идеја, граѓаните да се вклучат и да придонесат за средината во која живеат.


