Известување до граѓаните – Денес и утре во Старата чаршија – не ги користете клупите, тие се на „шминкање“!
Се информираат граѓаните дека во текот на денешниот и утрешниот ден комуналните работници ќе извршуваат активности за бојадисување на клупите за седење на подрачјето на Старата чаршија, поточно на Цветните улици и кај Пазарот.
Од надлежните служби апелираат до граѓаните да не ги користат клупите во наведениот период, со цел да се овозможи непречено одвивање на работните активности и да се избегне контакт со свежо нанесената боја.
Клупите на кои се извршува бојадисување се прописно и видливо обележани со соодветни известувања.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат поставените ознаки и известувања и да покажат разбирање за активностите насочени кон уредување и одржување на јавните површини.


