|

МЛЕКО 2024: ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СТОЧАРСТВОТО ВО САБОТА КАЈ ГРАДСКИОТ СААТ ВО ПРИЛЕП

Во Сабота од 10 до 18 часот, на платото пред градскиот саат во Прилеп, ќе се одржи настан посветен на млекото и млечните производи. Со учество на претставници од Слоу Фуд Прилеп, Слоу Фуд Македонија, професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, ќе се дегустира млеко и ќе се дебатира за сите предизвици со кои се соочува сточарството во Македонија.

Настанот ќе има и едукативен дел за најмалите со работилници „Млечна магија“ и „Патот на млекото: истражување на млекото и млечните производи“.

Посетителите додека ја гледаат изложбата на млечни и други производи, ќе ги слушаат Оркестарот Романса и женскиот хор Орхидеја, кои ќе бидат дел од музичката програма на настанот

ПРОГРАМА

10.00-15.00 часот Изложба и пазар на млечни и други производи

11.00 -11.30 часот Отворање на настанот – поздравни говори
• Тодорка Наумоска-Димески, претседател на Слоу Фуд Прилеп
• Елена Каровска Гошевска, претставник од Слоу Фуд Македонија
• Претставник од Општина Прилеп

11.00-13.00 часот Музичка програма со староградска музика „Романса“ и женскиот хор „Орхидеја“

12.00-14.00 часот Детско едукативно катче
• Работилница 1 – Млечна магија: Боиме бело – со Гоце Бумбароски
• Работилница 2 – Патот на млекото: истражување на млекото и млечните производи – со Јасна Ѓорѓиевска
• Изложба на учесниците

13.00-14.00 часот Дегустација со сензорно оценување на сирења

14.30-16.30 часот Конференција „Климатските промени и новите вектори на болести“
• Проф.д-р. Методија Трајчев, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
• Елена Каровска Гошевска, дипл.инж.за преработка на анимални производи
• Дискусија

Настанот се реализира со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, општина Прилеп, Шведската развојна агенција We Effect, како и со придонес на нашите спонзори и поддржувачи: “Горска вода“, пекара „Маја“ и “Мое пазарче“. 

Слични Објави