90 минути фудбал, една голема човечка поддршка за Виктор

ГФК Победа во сабота на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ го пречекува тимот на Големо Коњари во натпревар на два непоразени состави.

Натпреварот ќе се одигра на 3 октомври, со почеток во 15:30 часот.

Средбата, покрај спортскиот, ќе има и хуманитарен карактер. Со согласност од семејството, на трибините ќе бидат поставени кутии за донации за помош на нашиот сограѓанин Виктор Николоски, на кого му се потребни средства за лекување.

Од ГФК Победа ги повикуваат прилепчани да ја покажат својата солидарност и во што поголем број да дојдат на Градскиот стадион.

Сабота, 15:30 часот. Победа – Големо Коњари. Спорт и хуманост на едно место.

Слични Објави