Стефан Ѓорѓиевски – мотокрос шампион на Македонија за 2025
Младиот мотокросист од Битола, Стефан Ѓорѓиевски, ја заокружи 2025 година со голем успех – ја освои титулата државен шампион на Македонија во мотокрос, во класата MX 85.
Со сигурно и стабилно возење низ целата сезона, Стефан оствари серија победи и подиуми, со што уште еднаш се потврди како еден од најперспективните млади спортисти во државата.
Тој е ученик во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола (VIII-2 одделение) и успешно ги усогласува училишните обврски со спортската кариера. Неговата дисциплина, посветеност и љубов кон мотокросот ја донесоа шампионската титула и уште една причина за спортска гордост на Битола.
И покрај големите успеси, Стефан досега настапува без спонзорска поддршка, вложувајќи сопствени средства во својот спорт. Се надева дека во иднина ќе добие соодветна поддршка која ќе му овозможи уште поголем напредок и нови меѓународни успеси.



