Прилеп го одбележува 11 Октомври – Богата програма по повод 85 години од историскиот настан
Во чест на 85-годишнината од 11 Октомври – Денот на народното востание, градот херој подготви богата и разновидна програма која од 1 октомври до 3 ноември ќе понуди низа културни, уметнички, спортски и меморијални настани.
Во повеќе локации низ Прилеп, граѓаните и гостите ќе имаат можност да бидат дел од настани посветени на историското наследство на градот, но и од современи културни содржини, концерти, изложби, театарски претстави, спортски натпревари и активности за сите генерации.
Централното место во програмата го зазема одбележувањето на 11 Октомври, датум кој има посебно значење за Прилеп и неговото историско наследство. Годинава, чествувањето ќе биде збогатено со свечена програма, културни настани и низа активности низ целиот град.
Во продолжение погледнете ја целокупната програма на настани и одбележувања по повод 85 години од почетокот на НОБ и празникот 11 Октомври.
ПРОГРАМА – 85 години од почетокот на НОБ на македонскиот народ – 11 ОКТОМВРИ
1–3 октомври
-Џез фестивал „Прилепски џез викенд“ – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“
4 октомври
– „Менопауза“, монодрама со Тијана Дапчевиќ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
5 октомври
– „Бегство од музеј“ – интерактивна работилница – Участак
6 октомври
– „Детективи на минатото“ – интерактивна работилница – Участак
7 октомври
– „Менталното здравје кај младите“ – Библиотека „Борка Талески“
– Поетска вечер „Во пресрет на 11 Октомври“ – Библиотека „Борка Талески“
– Претстава „Животинска фарма“ – премиера – НУЦК „Марко Цепенков“
– „Херојот е мојот дедо“ – драмска претстава за Душко Наумоски – Участак
8 октомври
-Изложба на ДЛУ Битола – Ликовен салон – НУЦК „Марко Цепенков“
– Театарска претстава „Животинска фарма“ – реприза – НУЦК „Марко Цепенков“
– „Студент е, прилепско дете“ – драмска претстава за Борко Лазески – Участак
8–10 октомври
– Фестивал на медот – плоштад „Методија Андонов-Ченто“
9 октомври
-12:00 – Училишен перформанс „Формирање на македонското знаме“ – плоштад „Методија Андонов-Ченто“
-17:30 – Промоција на книгата „Спомени на прилепските револуционери“ – д-р Славчо Ковилоски – Библиотека „Борка Талески“
-18:30 – Проекција на филмот „До Балчак“ – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“
-19:00 – Промоција на каталог посветен на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участак
-21:00 – Слем полуфинале – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“
10 октомври
-10:00 – Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2026“ – спортска сала, СОУ „Ристе Ристески-Ричко“
-18:30 – Изложба на дела од ДЛУП – Ликовна галерија, НУЦК „Марко Цепенков“
-19:00 – Посета на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“
-19:30 – Свечена програма, Камена бина:
– Химна на Република Македонија во изведба на КУД „Пере Тошев“
– Промоција на краток филм за нападот на 11 Октомври 1941
– Поздравен говор на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски
– Импровизиран напад на Участакот
– Огномет
-Концерт во центарот на градот
11 октомври
– 09:00 – Полагање цвеќе на спомениците на хероите
– 09:00–14:00 – Традиционална крводарителска акција по повод државниот празник 11 Октомври – простории на Црвениот крст
– 10:00 – Меморијален турнир во шах „МАТ 2026“ – спортска сала, СОУ „Орде Чопела“
– 10:00–19:00 – Tuning Car Show – автомобилско шоу – булевар „Гоце Делчев“
12 октомври
– 11:00 – Техничко-тактички збор на АРМ – изложба на воена опрема и оружје и показни боречки вештини на специјалните единици – булевар „Гоце Делчев“
15 октомври
– Театарска претстава „Вечера за глупаци“ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
16 октомври
– Стенд-ап со Александар Михајловски – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
17 октомври
– Фолклорна вечер со КУД „Моминок“ и гости од Босна и Србија – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
18 октомври
– „Че трчаме 2026“ – рекреативно-натпреварувачки атлетски настан булевар „Гоце Делчев“
– „Тура преку Слива 2026“ – велосипедски настан на отворено, с. Штавица
19–25 октомври
-MOCPA 2026 & Training Camp – Меморијален ориентациски натпревар „Пеце Атанасоски 2026“ – Прилеп
20 октомври
– Стенд-ап со „Солзи и смеа“ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
21 октомври
-Тркалезна маса „Македонија на Македонците – македонска ослободителна мисла (1893–1991)“ – Собраниска сала, Општина Прилеп
22 октомври
-Годишен концерт на ОКТЕТ – Прилеп – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
– Изложба на Илија Ацески – Галерија, НУЦК „Марко Цепенков“
24 октомври
-Prilep Downhill Cup – с. Штавица
3 ноември
-Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен“
– Тематска изложба на архивски материјали, фотографии и документи кои го сведочат развојот на Прилеп
– Свечена седница и доделување на Третоноемвриски награди


