|

Галерија на Насмевки: Креативноста како мост кон инклузија

Во Крушево започна уникатна петдневна креативна работилница, „Галерија на Насмевки“, посветена на социјалната инклузија на децата и младинците со попречености.

Учениците од Дневниот центар за деца и младинци со попречености, заедно со најмладите од ЈОУДГ „Гонча Туфа“, ќе имаат можност да ја изразат својата креативност преку сликање со темперни и фасадни бои и учење техники за изработка на мурали. Ова не е само работилница за уметност, туку и можност за создавање заеднички спомени, споделување идеи и поттикнување на иновативноста.

Од работилницата ќе биде креиран мурал – „галерија“ што ќе ги прикаже насмевките, желбите и визиите на децата, украсувајќи го просторот каде што тие престојуваат. Овој мурал ќе биде симбол на заедничката радост, креативност и надеж.

Проектот е организиран од Општина Крушево со поддршка од Министерството за култура и туризам, претставувајќи пример за тоа како уметноста може да биде алатка за поврзување и прифаќање.

Фото – Општина Крушево

Слични Објави