|

Советникот Жарко Стеваноски пријави сечење на платаните во дворот на ООУ „Кочо Рацин“ – побара реакција од МВР и ОЈО

Советникот во Советот на Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, реагираше поради сечењето на двата платани-чинари во дворот на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп.

Според неговата објава, едниот платан веќе бил пресечен, а вториот требало да биде исечен во текот на денот.

Стеваноски потсетува дека, според важечката регулатива, отстранување или кастрење на дрво е дозволено само во случаи кога стеблото е суво, старо или заболено, кога е оштетено од елементарни непогоди, кога претставува директна опасност за луѓето или имотот, или кога коренот и гранките пречат на подземни и надземни инсталации.

Тој наведува дека општинска комисија, составена од претставници на ЈКП „Комуналец“ и Општина Прилеп, извршила увид и утврдила дека двата платани треба целосно да се исечат.

„Ваквото неразумно однесување утрово го пријавив во МВР и ОЈО Прилеп, со барање да се спречи сечењето на вториот платан-чинар во дворот на училиштето“, напиша Стеваноски, прашувајќи: „До толку ли забегавме, бре луѓе?“

Засега нема официјална реакција од Општина Прилеп, ЈКП „Комуналец“, ниту од надлежните институции во врска со случајот.

https://www.facebook.com/zare.stevanoski/posts/pfbid02iDegvTKGScUFT6UD8KPp7n1bdRZ9cLbV1gFbzKEbghrxXRGem64wkXiK3PTsqbgZl

Слични Објави