„Звуците на градот“ утревечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“
Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ги поканува љубителите на староградската музика на музичката вечер „Звуците на градот“, која ќе се одржи во петок, 24 јули, со почеток во 19:00 часот.
Настанот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со познати староградски мелодии и безвременски рефрени.
Организаторите ги покануваат сите љубители на овој музички жанр да бидат дел од настанот и заедно да уживаат во атмосферата што ја носат староградските песни.



