ОПШТИНА НОВАЦИ – СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Општина Новаци и ЈКП Новаци започнуваат со пилот проект селекција на отпад од пластика во 80 домаќинства од општина Новаци. Пилот проектот ќе започне со акцијата за доделување канти во четврток на 03.10, во 11 часот пред зградата на општина Новаци од каде ЈКП ќе продолжи со делење канти за селекција за предвидените домаќинства. Предвидено е селектираниот отпад кој ќе се одлага во кантите да се собира на секои две недели, односно во согласност со насоките кои ќе бидат дадени од ЈКП Новаци.

Пилот проектот ќе овозможи да се подигне свеста на граѓаните за потребата од селекција на пластика и да се намалат негативните влијанија врз животната средина. Исто така, овој вид отпад може да се рециклира и повторно да се користи за истата намена, па затоа е неопходно да овозможиме услови за негова селекција во што поголеми количини. Истовремено, собирањето на овој вид отпад, претставува и обврска на општината согласно законските обврски во Македонија, што меѓудругото значи и чекор кон воспоставување на интегриран и самоодржлив систем за управување со отпадот на локално ниво. Со овој пилот проект, општината ќе биде чекор поблиску до подобро спроведување на обврските за управување со отпад, а проектот дополнително ќе придонесе кон воспоставување на регионален интегриран систем за управување со отпад чија крајна цел е да овозможи заштита на животната средина и обезбедување поквалитетен живот за сите жители на општината и пошироко.

Ги покануваме граѓаните да ни се приклучат во оваа акцијата и да го селектираат отпадот во доделените канти за селекција во согласност со дадените насоки на јавното комунално препријатие од Новаци.

Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат и да го проследат утрешниот настан.

Со почит, Стевче Стевановски – Градоначалник на Општина Новаци

Слични Објави