Сончев и стабилен викенд, од понеделник можни поројни дождови и грмежи
За време на викендот се очекува стабилно и претежно сончево време, проследено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а на места повремено ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Од понеделник, како и во деновите што следуваат, ќе преовладува сончево време. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.


