СЕ УКИНУВААТ РОДИТЕЛСКИТЕ СРЕДБИ, СЕ ВОВЕДУВА „БАБИН ДЕН“
Во деветтолетка во Прилеп вчера баба влегла на час кај внукот и му одржала воспитни лекции. Мајката случајот го пријавила во полиција.
„На 16.10.2024 во ОВР Прилеп, 44-годишна прилепчанка пријавила дека во основно училиште во Прилеп во кое учел нејзиниот малолетен син влегла неговата баба и за време на час недолично се однесувала кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.
Што ќе се случи со бабата не се знае, но штом спровела такви мерки или ќе треба да има некакви последици или во училиштата место родитески средби, да се воведе „Бабин ден“. Па секој ден од недела да доаѓа по една баба и да ги решава проблемите за време на час.