Историски ден за македонскиот тенис – Ѓорческа во вторник напладне против Анисимова на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во вторник ќе го испише најзначајното поглавје во својата кариера, кога ќе дебитира на главниот турнир на Вимблдон. Нејзиниот натпревар од првото коло против шестата носителка Аманда Анисимова е закажан на Теренот број 2 и треба да започне точно напладне.

Ѓорческа ќе стане првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во сингл-конкуренција на главниот турнир на еден гренд-слем, со што ќе испише нова страница во историјата на македонскиот тенис.

Пред неа ќе стои исклучително тешка задача, бидејќи противничка ќе ѝ биде Аманда Анисимова, шестата носителка на турнирот и финалистка од минатогодишното издание на Вимблдон. Американката, која има руски корени, влегува како голем фаворит, но самиот пласман на Ѓорческа во главната ждрепка претставува огромен успех и круна на нејзината долгогодишна кариера.

Македонската тенисерка ќе има можност да се претстави на најпрестижниот светски тениски турнир и да го одигра најважниот меч во својата кариера, додека љубителите на тенисот во Македонија ќе имаат причина повеќе внимателно да го следат почетокот на Вимблдон.

Слични Објави