Димитар Димески – Автомобилист и организатор на “Авто слалом Прилеп 2025” (видео)
Димитар Димески е млад автомобилист – ентузијаст кој љубовта кон трките ја добил од неговиот татко и неговиот омилен возач од Формула 1, Луис Хамилтон.
Во интервјуто, Димитар говори за своето патување во светот на трките, за тоа како автомобилите и трките го формирале неговиот живот и за начините на кои тој денес го живее својот сон. Тој вели дека секој момент на патеката е посебен, а најголемата среќа ја наоѓа кога може да се натпреварува и да учи од други искусни возачи.
Во интервјуто ќе слушнете и за “Авто слалом Прилеп 2025” – настан за љубителите на автомобилизмот кој ќе се одржи во недела 11.05.2025 во центарот на Прилеп. Настанот „Авто слалом Прилеп 2025“ ќе собере учесници од цела Македонија, кои ќе се натпреваруваат во дисциплината слалом, која е вистински тест за прецизност и контрола на автомобилот. Ова е една од најинтересните тркачки дисциплини која привлекува како почетници, така и искусни возачи.
„Настанот ќе биде одлична прилика за локалните и националните автомобилисти да ја покажат својата вештина на патеката, а истовремено и за публиката да ужива во брзината и возбудата на трките. Планирано се многу забавни активности и за посетителите кои не се директно вклучени во натпреварувањето, како и за сите оние кои сакаат да ја почувствуваат атмосферата на еден ваков настан“, вели Димитар.
Ваше е да да го слушнете разговорот со овај млад автомобилист и да го посетите настанот „Авто слалом Прилеп 2025“ со учесници од цела Македонија!