Објавен оглас за самовработување
Денес e објавен Јавниот оглас за учество во Програмата за самовработување, а аплицирањето ќе се врши во 30-те центри за вработување низ државата и ќе трае до 3 јули 2026 година.
Процесот на селекција ќе се одвива во неколку фази, со цел да се поддржат најдобрите бизнис идеи и бизнис планови.
Финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување бизнис изнесува:
- 7.000 евра за лица постари од 29 години;
- 10.000 евра за млади лица до 29 години;
- до 20.000 евра за здружување на корисници во ДОО, во зависност од целните групи.
Заинтересираните граѓани можат да поднесат апликации најдоцна до 3 јули 2026 година.
Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx



