7 Мај – Ден на македонската полиција
Полицијата е столбот на државната сувереност и гарантот на безбедноста на граѓаните. Таа е симбол на довербата во институциите, секогаш присутна кога е најпотребно – од одржување на јавниот ред и мир, безбедност во сообраќајот, реагирање при имотни деликти и спасувачки мисии, до спроведување сложени операции против организиран криминал, недозволена трговија и илегална миграција.
„Вие сте првиот пријател на граѓанинот,“ им се обраќаат на припадниците на полицијата, препознавајќи ја нивната пожртвуваност и подготвеност да дејствуваат и во најризични услови.
7 Мај е ден кога се оддава почит на сите оние што ја носат сината униформа – чувари на редот, мирот и достоинството на државата и нејзините граѓани.
Фото – Википедија