|

Единаесет новороденчиња во Одделението за неонатологија во прилепската болница

Единаесет нови причини за радост во прилепската болница

Одделението за неонатологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ денес е исполнето со живот, надеж и детска насмевка. Во моментов таму се згрижени 11 новороденчиња, мали борци кои ги започнуваат своите први животни денови под будното око на медицинскиот персонал.

Малечки срца што чукаат во ритамот на новиот живот, први погледи, први допири и безброј емоции – тоа е секојдневието на одделението каде што секое бебе носи своја приказна и нова причина за радост.

Од болницата велат дека одделението е исполнето со љубов, грижа и посветеност, а медицинскиот тим неуморно работи за секое новороденче да ја добие потребната нега и внимание во најважните моменти од неговиот животен почеток.

„Малечки срца, неизмерна љубов и безброј причини за радост – тоа е нашето одделение исполнето со надеж, грижа и живот“, порачуваат од болницата.

Во време кога секоја добра вест е драгоцена, овие 11 новороденчиња се потсетник дека животот секогаш го наоѓа својот пат и дека најубавите приказни започнуваат токму со првиот плач на едно бебе.

Слични Објави