Денеска изменет режим на сообраќај кај Ленишки мост на патот Плетвар–Прилеп
Поради санација на горниот строј на Ленишки мост, на км 47+900 на државниот пат А1, делница Плетвар–Прилеп, денеска (11.05.2026) ќе има изменет режим на сообраќај.
Ќе се изврши пренасочување на сообраќајот од една во друга лента, при што целиот сообраќај ќе се одвива по десната лента во правец Плетвар–Прилеп.
Се апелира до возачите да бидат внимателни, да ја намалат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.


