„Мизар“ со концерт во Варош за „Денови на Крали Марко“
Во рамки на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која традиционално се одржува во подножјето на Марковите Кули, Општина Прилеп годинава за прилепчани организира концерт на легендарната македонска група Мизар.
Концертот ќе се одржи на 17 мај 2026 година (недела), во Амфитеатарот во Варош, со почеток од 20 часот.
Настанот е дел од одбележувањето на 45 години од постоењето на бендот, а прилепската публика ќе има можност да проследи специјално подготвена „best of“ програма составена од најпознатите песни од нивната богата музичка кариера.
Во текот на децениите, Мизар остави силен печат на македонската музичка и културна сцена преку албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Dreams“, „Детето и Белото море“, „Поглед кон цветната градина“ и „Вечна празнина“.
На концертот во Варош ќе бидат изведени дел од нивните најпознати композиции како „Градот е нем“, „Униније“, „Магла“, „Дождот“, „Девојка од бронза“, „Истекувам“, „Константинопол“, „Почесна стрелба“, „Сонце златно“ и други.



