(видео) „Тајната“ е новата рожба на „Луциден сон“

Понекогаш на најубавите приказни им треба време да созреат. „Тајната“ го доби своето видео, како втор сингл од проектот „Луциден сон“ за да ја потврди оваа мисла на авторот Костадин Стојаноски, кој ги потпишува музиката и текстот и ги свири гитарите на ова парче музичка свежина на македонската сцена.



Вокалот е на Гоце Кантар, а пратечките вокали ги пее Николина Јоновска со кои се заокружува ова музичлко патување.

Зад овој аудиовизуелен епилог стои цел тим посветени уметници.
Спотот е во режија на Елена Мелончели, а продукција Civette Production, кои создадоа вистинско визуелно ремек-дело.
Во главните улоги се појавуваат младата Марија Јовеска и познатата прилепска актерка Даниела Иваноска.

Музичката продукција ја заокружува на Аки од финската Savo-Karelian Productions, која ја издигна „Тајната“ на ново ниво – пишува авторот

Слични Објави