„Мечо“ се врати – нови авантури за децата во Битола
Детскиот воз „Мечо“ од денес повторно е во функција, информираат од ЈП „Паркинзи“ Битола, носејќи насмевки и радост кај најмалите жители и посетители на градот.
Од претпријатието велат дека возот ќе сообраќа секој ден, освен во понеделник, во период од 09:00 до 15:00 часот. Во неделите, како и во денови со врнежливо време, „Мечо“ нема да сообраќа.
„Секоја среда е среќен ден, но оваа среда е посебна, бидејќи ‘Мечо’ повторно започнува со нови пролетни, летни и есенски авантури за најмладите“, порачуваат од ЈП „Паркинзи“.
Повторното активирање на возот се очекува да привлече голем број деца, кои ќе имаат можност да уживаат во возење и да создадат нови убави спомени.


