|

„Помош и нега во домот“ услуга која го подобрува животот на корисниците

Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп и Министерството за социјална политика, демографија и млади, потпишан е управен договор за спроведување на услугата „Помош и нега во домот“ за 2026 година.



Со ова се очекува да продолжи обезбедувањето на една од најважните социјални услуги за старите лица, лицата со попреченост и другите граѓани кои имаат потреба од поддршка во секојдневното функционирање во сопствениот дом.

Проектот се реализира со поддршка на Министерството, во партнерство со општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, како и со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Услугата „Помош и нега во домот“ има значајни позитивни ефекти – ги подобрува условите за живот на корисниците, обезбедува поддршка за нивните семејства и отвора можности за вработување на негуватели во локалната заедница.

Со овој договор се обезбедува континуитет во испораката на социјални услуги согласно реалните потреби на граѓаните во регионот.

Слични Објави