(видео) Земјоделци од Пелагонија: Кромидот од Tрновци оди на буниште
Земјоделци од Пелагонискиот регион, од селото Трновци, ни испратија видео на кое се гледа како вреќи со кромид се товараат и се носат на депонија.
За ОТВ тие велат дека ваквата ситуација е резултат на големиот увоз, поради што домашното производство нема соодветен пласман на пазарот. Во видеото се слуша и нивната реакција дека производот се фрла поради, како што велат, неспособноста на надлежните институции и лица кои треба да ги поддржат земјоделците, да ги едуцираат и да помогнат во обезбедување пласман.
Земјоделците апелираат за итни мерки и системско решение со цел да се спречат вакви загуби и да се заштити домашното производство.


