|

15 дена да се отстранат хаварисаните возила, потоа ќе постапува Општина Прилеп

Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори (во понатамошниот текст: Упатството), сопствениците, односно носителите на правото на користење на напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) се должни да ги отстранат истите од природа и јавни површини.

Се повикуваат сите сопственици и корисници на вакви возила, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на ова известување, доброволно да ги отстранат своите напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) од наведените површини.

Доколку во наведениот рок возилата не бидат отстранети, Општина Прилеп ќе постапи согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори.

Општина Прилеп апелира до жителите да постапат согласно ова известување, со цел обезбедување на безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина и зачувување на јавниот ред и уреденоста на јавните површини.

Слични Објави