|

Советотот на Општина Прилеп одлучи – 900.000 денари за пожарникарите за нивната пожртвуваност – (53-та седница)

На денешната 53-та седница на Советот на Општина Прилеп, се разгледаа 13 точки на дневен ред, кои вклучуваат важни одлуки за развојот на општината.

Дневниот ред беше надополнет со предлог – одлука за доделување на парични средства на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп во висина од 900.000 денари за нивната максимална пожртвуваност во гасењето на огромните пожари кои што ја зафатија општина Прилеп. Оваа награда е признание за нивната храброст и посветеност при гасењето на големите пожари кои ја зафатија општината.

Советниците се осврнаа и на предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година. Се водеше дискусија за начинот на трошење на буџетските средства, со акцент на транспарентноста и ефикасноста во нивната распределба.

На седницата беа презентирани и тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП Пазари Прилеп, за периодот од 01.07.2024 до 30.09.2024, како и предлог-заклучокот за потпишување на анекс на Колективниот договор во Јавното претпријатие.

Советниците го разгледаа и прашањето за расходувањето на средствата на ЈОУДГ „Наша иднина“, како и именувањето нови претставници во училиштата „Рампо Левката“ и „Гоце Делчев“.

Со мнозинство на гласови, беше усвоена и одлуката за поставување и чување на спомен-плоча на скверот во чест на културните личности од Прилеп. Дополнително, беа усвоени и урбанистички проекти за проширување на планскиот опфат, како и за правните процедури околу бесправните објекти.

На крајот, советниците го усвоија предлогот за доделување на награда за пожарникарите и за проширување на урбанистичката документација, што беше едногласно прифатено од сите присутни. За наредната седница беше оставен предлогот за безбедносната состојба во градот.

Целата седница може да ја погледнете на слениот линк.

Слични Објави