Прилепчанец осомничен за нелегална трговија со културно наследство
Полициска акција во Прилеп открила стари монети во домот на 41-годишен прилепчанец, по што против него е поднесена кривична пријава.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднел кривична пријава против П.В. (41) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културното наследство и природна реткост“.
При претрес во домот на пријавениот, полициските службеници пронашле и одзеле вкупно 74 стари монети. Дел од нив, според информациите, потекнуваат од 19-тиот и почетокот на 20-тиот век.
Се преземаат натамошни мерки за целосно расчистување на случајот.


