ПОДДРШКА НА ЖЕНИ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Денес, во Офицерски дом Битола на иницијатива на Центарот за образовни и развојни иницијативи „ ИНОВА ЛАБ “ Битола во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола организираа тркалезна маса на тема „Улогата на заедницата во спречување и поддршка на жени жртви на семејно насилство – можности за вмрежување и локална акција“ на која свое учество имаше и Градоначалникот Тони Коњановски.
На настанот се анализираа актуелните состојби со зачестеноста на семејното насилство, особено на локално ниво, со акцент на индетификување на главните трендови и предизвици со кои се соочуваат заедниците.
„Во рамките на настанот градоначалникот Тони Коњановски ја потенцираше заложбата на општина Битола која е една од првите општини во државата целосно вклучена во процесот и од својот буџет издвојува сопствени средства во висина од 1 милион денари со што овој начин го помага функционирањето на Регионалниот советовалишен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово и семејно насилство, кој гравитира во Пелагонискиот регион“.
Градоначалникот Коњановски, нагласи, дека општината останува посветена со конкретни чекори во иднина, во насока на зајакнување на механизмите за поддршка и заштита на жените од семејно насилство.
Локалната самоуправа е клучен чинител во справувањето на родовото базирано насилство и има обврска да обезбеди подршка и заштита на жртвите од семејно насилство. Општина Битола останува посветена на заложбите за превенирање и решавање на еден сериозен проблем на заедницата, како што е насилството и да биде вистинска поддршка за сите нејзини граѓани.