„Ожени ме“ – Нов сингл на Гоце Кантар
Прилепската алтернативна музичка сцена, доби уште едно автентично дело. Станува збор за новата авторска песна „Ожени ме“, зад која стои Гоце Кантар, како автор и вокал, во соработка со Томе Темелкоски како продуцент.
Комплетната музичка изработка – од аранжманот до снимањетп на сите инструменти – е дело на Томе Темелкоски. Темелкоски воедно стои и зад концептот и режијата на видео спотот, заокружувајќи го ова дело во едноставен но пригоден визуелен пакет.
За техничката реализација на видеото беше задолжен Јосиф Трајкоски, камера и монтажа.
Во видео записот настапуваат:
Дориан Темелкоски на бас гитара,
Филип Јездиќ на тапани,
Томе Темелкоски на гитара,
како и Гоце Кантар во улога на вокал.
Дополнителен визуелен белег на проектот дава и насловната фотографија, дело на Вероника, која со својот креативен пристап ја заокружува приказната околу „Ожени ме“.
Со спој на музика, емоција и убаво осмислен визуелен концепт, „Ожени ме“ претставува уште еден доказ дека прилепскита алтернативна сцена сепак е жива.


