|

Закажана 4-та седница на Советот на Општина Кривогаштани на 11 декември

Советот на Општина Кривогаштани ќе ја одржи својата 4-та седница во четврток, на 11 декември 2025 година, со почеток од 13:30 часот, во салата за состаноци во општинската зграда.

На дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно десет точки

  • Усвојување на записниците од втората и третата седница на Советот,
  • Донесување план на програми за развој на комуналните дејности за периодот 2026–2028 година,
  • Програма за уредување на градежното земјиште за 2026 година,
  • Годишни програми за социјална заштита, култура и еднакви можности за жени и мажи за 2026 година,
  • Програма за финансирање на урбанистички планови и проектна документација,
  • Програма за располагање со градежно земјиште во сопственост на државата,
  • Одлука за дополнување на блок-дотациите за основните училишта „Манчу Матак“ од Кривогаштани и „Јонче Смурески“ од Обршани,
  • Квартален извештај за извршувањето на Буџетот за третиот квартал од 2025 година,
  • Како и одлука за измена на распоредот на средствата во општинскиот буџет за 2025 година.

Седницата ја свикува претседателот на Советот, Андреј Ацески.

Слични Објави