100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ – „СВЕТСКАТА ЗЛАТНА ГАЈДА“

На денешен ден, 25 октомври 1925 година, во прилепското село Долнени е роден легендарниот гајдаџија и собиран на народното богатство – Пеце Атанасоски, човекот кој со својата умешност и љубов кон традицијата ја прослави Македонија ширум светот.

Во 1968 година, на фестивалот во Ериче, на островот Сицилија, Италија, меѓу 1.800 гајдаџии од целиот свет, Пеце го освои првото место и престижната награда „Златна гајда“, по што беше наречен „светската златна гајда“.

Атанасоски бил играорец, аранжер, композитор и инструменталист, но и еден од најголемите собирачи на народно творештво, со импресивна збирка од околу 20.000 македонски народни песни и ора.

Во 1973 година го основа Фестивалот на народни инструменти и песни во родното Долнени, кој и денес се одржува и го носи неговото име.
Во 1984 година, со својот препознатлив звук на гајда, Пеце ја придружи групата „Бијело дугме“ во песната „Липе цвату“, со што неговиот талент остави трага и во светот на рок-музиката.

Пеце Атанасоски почина во Скопје на 14 септември 1996 година, но неговото дело живее. Неговото име е врежано во „Патеката на славните“ во Прилеп, а во 2022 година постхумно беше одликуван со Орден за заслуги за Македонија.

Слични Објави