100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО И 10 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОПЕРСКАТА ПЕВИЦА ВАСКА БИЏОВА ГАЈДОВА

ОПЕРСКАТА ПЕВИЦА ВАСКА БИЏОВА ГАЈДОВА (Прилеп, 26 јуни 1924 – Скопје, 5 септември 2014)

Прилеп дал значајни личности во сите области на опшественото живеење, меѓу кои и во класичната музика. „Славејчето на операта“, како што ја нарекувале, со колоратурен сопран, ВАСКА БИЏОВА ГАЈДОВА била основоположник и првенка на Македонската Опера и Балет, исполнувајќи вокални творби на македонски и светски композитори.

Дипломирала на Високата школа за музичка и театарска уметност во Виена. „Боже! Таа пее како божица“, ќе рече еден од присутните музичари на најзиниот дипломски испит.

Македонскиот диригент Фимчо Муратовски, за неа, ќе додаде „Со чудесната убавина на својот глас, таа знаеше да го запре здивот на оние кои ја слушаа, да измами френетичен аплауз, бура од воодушевување, тажна воздишка и по некоја скриена солза“.

Фотографии – Рубинчо Белчески

Слични Објави