Танцово студио „Зодијак “ со награда за најдобра детска претстава на ДАФ Кочани

Танцовото студиото „Зодијак“ – Кире Миладиноски од Прилеп се закити со наградата за најдобра детска претстава, за претставата „Малата сирена“ на овогодинешниот Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани.

Во објава по завршувањето на фестивалот, од студиото изразија искрена благодарност до организаторите за одличната организација, топлиот пречек и можноста да бидат дел од оваа долга и значајна театарска традиција која го негува аматерскиот театар.

„Вашата поддршка и посветеност на аматерскиот театар се инспирација за сите нас. Наградата за најдобра детска претстава е потврда дека детскиот театар има значајна улога и заслужува големо внимание,“ порачуваат од „Зодијак“.

Посебна благодарност упатија и до жителите на Кочани кои, и покрај тажниот настан што го потресе градот, успеале да најдат сила и да ја споделат својата позитивна енергија со младите актери.

„Барем на еден час ги одведовме на друго, поинакво, морско магично место. Кочани, ве сакаме! ❤️“, порачаа од студиото.

Слични Објави