|

ГОЛЕМ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ПОВТОРНО НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“

По само еден месец, стадионот „Петар Милошевски“ повторно ќе биде домаќин на голем фудбалски натпревар. Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе ја пречека својата врсничка селекција од Ерменија, во натпревар од третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.

Натпреварот ќе се одигра утре, 10 октомври 2025 година, со почеток во 17:00 часот.

Стадионот „Петар Милошевски“ неодамна ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, што му овозможува да биде домаќин на меѓународни натпревари од висок ранг. Со тоа, спортскиот комплекс во Скопје повторно се потврдува како значаен центар за развој на младинскиот фудбал во земјата.

Билетите за натпреварот може да се набават електронски преку официјалната страница на Фудбалската федерација на Македонија, на следниот линк: https://eticket.ffm.mk/cart/

Фудбалската јавност очекува нова добра игра од младите репрезентативци, кои со поддршка од домашната публика ќе се обидат да дојдат до важни бодови во квалификациите.

Слични Објави