|

80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик

По повод значајниот јубилеј – 80 години од кодификацијата на азбуката и правописот на македонскиот стандарден јазик, утре, четврток (4 септември 2025), со почеток во 11 часот, ќе се одржи  промоција на книгата: „80 ГОДИНИ АЗБУКА И ПРАВОПИС НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК” во Спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово.

Настанот е посветен на делото и визијата на Конески и генерацијата која го изгради темелот на македонската писменост, култура и идентитет.

По промоцијата ќе следува и културно-туристичкиот настан „Зборот на Конески и гајдата на Пеце“, кој ќе ја спои книжевната и музичката традиција во чест на македонската духовност.

Слични Објави