Надлежност на општините – Социјална заштита –
- Социјална заштита (Законот за социјална заштита). Овој закон предвидува неверојатно многу надлежности на општината, иако тоа не се случува на терен.
Законот вели дека: Општината (може да) управува со детски градинки и центри за ран детски развој, детски одморалишта и со установите за социјална заштита – чии основачи се тие. Општината има свои претставници во органите за управување на јавните установи за деца, како и во УО на центрите за социјални работи. Остварувањето на правата на парична помош од социјална заштита во најголема мера се остваруваат во центрите за социјална работа, а општините, исто така, обезбедуваат финансиска помош за социјално ранливите групи со средства од сопствени буџетски извори.
Законот дефинира дека социјалната превенција е работа на секого – кому владата ќе дозволи, па и на општината и таа можела да основа јавна установа врз основа на одобрение за основање, освен центар за социјална работа, воспитна установа за деца и установа за прифат на баратели на азил.
Општините донесува „мерки“ и „активности“ во областа на социјалната заштита; донесуваат одлуки за утврдување и на други права и социјални услуги во областа на социјалната заштита, права и услуги во поголем обем од обемот на правата и услугите утврдени со овој законот и поповолни услови за нивно остварување, како и обезбедуваат средства за нивна имплементација; основа јавни установи за социјална заштита; формираат Совет за социјална заштита на општината; формираат Совет за социјална заштита на планскиот регион; донесуваат општи акти од областа на социјалната заштита; донесуваат годишни програми за потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита, врз основа на социјален план, кој треба да е во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита и пред донесување треба да се достават до МТСП на мислење; усвојуваат Завршен извештај за реализирани активности во социјалната заштита и ги доставуваат до МТСП; дава финансиски средства за вршење работи од социјална заштита на здруженија, други правни и физички лица.
Иако општината сама финансира, сепак Владата давала одобрение за основање установи за социјална заштита од страна на општините и на други правни и физички лица за вршење работи од социјалната заштита. Општините склучувале управни договори согласно овој закон и вршеле други работи поврзани со социјална заштита. Средствата за сето тоа биле од МТСП, под услови и во постапка утврдени со Законот за социјална заштита. Дополнително, општините можат да доделат и сопствени средства за обезбедување социјални услуги на лиценцирано здружение или друг приватен давател на социјална услуга.
Секако, законодавецот не се запрашал за кадровскиот капацитет на општината да врши услуги од социјалната заштита.
- Детската заштита е предмет на Законот за заштита на децата и се работи за: детски градинки и одморалишта и Центри за ран детски развој.
Општината ги раководи детските градинки и детските одморалишта, но ако се основани од Владата, Управниот одбор е телото кое раководи (седум члена на УО: четири претставници од основачот, еден претставник од јавната установа за деца, еден претставник од родителите на децата и еден претставник од општината).
Јавните градинки ги оснива Советот (може и Владата), со одлука, после прибавено мислење од МТСП. Директорот го избира и разрешува градоначалникот, а согласност за Статутот дава Советот (со Решение за давање согласност на Статутот). Комисијата за прием на деца, која ја именува директорот, а поблиските критериуми за прием на деца ги утврдува УО на градинката, е телото, кое решава за прием, ако има повеќе деца од предвиденото.
Центрите за ран детски развој може да биде основан од Владата, општините и од домашни или странски субјекти (работи прекук програма за рано учење и развој на децата во предучилишна возраст од три до шест години). Центарот се основа од страна на Советот, по претходно прибавено мислење од МОН, а средствата се од државниот буџет, по пат на блок дотаци, а општините можат да додадат од својот буџет.