|

Изградба на канализациона мрежа во Претор – дел од европскиот проект за Преспа

Во село Претор се одвиваат градежни активности за изградба на нова канализациона мрежа, со што жителите конечно ќе добијат современо решение за одведување и прочистување на отпадните води. Овој зафат е дел од иницијативата „EU for Prespa“, финансирана од Европската Унија и спроведувана во партнерство со УНДП, која опфаќа изградба на шест канализациони мрежи со пречистителни станици во Преспанскиот регион. Целта е значително подобрување на условите за живот на населението, како и заштита на животната средина и езерото Преспа.

Програмата предвидува: изградба и модернизација на системи за отпадни води и управување со цврст отпад, проширување на мрежата за собирање отпад во повеќе села, поддршка за прекугранична поврзаност преку модернизација на граничниот премин Маркова Нога, активности за промовирање на циркуларна економија, обновлива енергија и заштита на ретките биодиверзитети во регионот.

Целиот проект има вредност од над 13 милиони евра, обезбедени од Европската Унија и УНДП, и ќе се реализира во периодот до 2027 година.

Овој проект претставува долгорочно решение за еден од најголемите предизвици со кои се соочува Преспанскиот регион и истовремено пример за тоа како европската поддршка директно го подобрува секојдневниот живот на локалното население.

Слични Објави