Андреј Бошески од СОУ “Ѓорче Петров„- Прилеп прва награда на настанот организиран од Пакомак – „Trash for Art 2025“- Креативноста што ја обликува иднината!
Од еден куп отпад од пакување или да се создаде дело. Во духот на еко-свеста и одржливата уметност, се одржа годинешното издание на натпреварот „Trash for Art 2025“. Овој уникатен натпревар, кој има за цел да поттикне креативно реупотребување на отпадни материјали, привлече голем број учесници со иновативни уметнички дела направени од рециклирани материјали.
Најдобрите меѓу најдобрите беа избрани од страна на стручно жири, а големата награда ја освоија најкреативните индивидуалци и тимови кои со својата визија покажаа дека отпадот може да добие нов живот во светот на уметноста.
Посебна чест и признание му припадна на Андреј Бошески, ученик од 3-1 клас, кој со својата креативност и посветеност ја освои првата награда во категоријата поединци. Неговиот труд беше препознаен како извонреден пример за тоа како уметноста може да се комбинира со еко-свеста и одговорноста кон природата.
Организаторите на настанот, во соработка со „Пакомак“, изразија благодарност до сите учесници, истакнувајќи дека секоја година се воодушевени од новите и оригинални идеи кои пристигнуваат. „Креативноста навистина не познава граници, а овој натпревар е доказ за тоа“, истакнаа од организацискиот тим.
Покрај наградите, сите учесници добија признание за својот придонес во подигнувањето на свеста за рециклирањето и заштитата на животната средина. Овој настан уште еднаш потврди дека уметноста и екологијата можат да одат рака под рака, создавајќи инспиративни решенија за поодржлива иднина.
Честитки до сите победници и учесници! Нека оваа иницијатива продолжи да инспирира нови генерации да размислуваат креативно и еколошки одговорно!
ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ НАГРАДЕНИТЕ;
Категорија Градинки: – место – награда 30.000 денари
Градинка ОЈУДГ ,,Младост’’ од Тетово (Објект Спортски)
место – награда 20.000 денари
,,Модерна Принцеза’’
Градинка ,,Сонце’’ во склоп на ,,Росица’’ од Скопје
Автор: Елена Ончевска Агер
Категорија Основни Училишта:
место – награда 30.000 денари
,,Планета Земја’’
ООУ ,,Љубен Лапе’’ од Скопје
место – награда 20.000 денари
,,Желка’’
ООУ ,,Војдан Чернодрински’’ од Скопје
место – награда 15.000 денари
,,Мече’’
ООУ ,,Јохан Х. Песталоци’’ од Скопје
Категорија Поединци и Институции:
место – награда 30.000 денари
,,Змеј’’
Автор: Андреј Бошески
место – награда 20.000 денари
,,Ѕвездена ноќ’’- Ван Гог Колаж
Автор: Лана Ајтарска
место – награда 15.000 денари
Лего ,,Brawl Stars- Polo’’
Автор: Димитар Јовановски
место – награда 15.000 денари
Лего ,,Brawl Stars-Griff’’
Автор: Јован Дамјановски
Специјална категорија ,,Нула Отпад’’:
место – награда 30.000 денари
,,Ајфелова Кула’’
Автори: Миа Андреева, Сара Николова, Матеа Саздова и Теона Манасиева
место – награда 20.000 денари
,,Делфини’’
ООУ ,,Димче А. Габеров’’ од Демир Капија
место – награда 15.000 денари
,,Кукла од Електронски Отпад’’
Автор: Наташа Илоска
Честитки за сите победници!