|

Општинската изборна комисија Прилеп преселена во нови простории

Општинската изборна комисија Прилеп повеќе не се наоѓа во старата општинска зграда. Поради руинираната состојба и нефункционалните канцеларии, комисијата е преселена во нови простории во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Како што информира претседателот на ОИК Прилеп, Валентин Божиноски, таму ќе се одвиваат сите активности поврзани со претстојните локални избори 2025 година.

Очекувањата се дека новата локација ќе биде значително пофреквентна, особено по најавата на Државната изборна комисија (ДИК) за намалување на прагот за учество на локалните избори во октомври. Ова ќе им овозможи на независните кандидати, преку собирање потписи, да се кандидираат за градоначалници или советници.

Слични Објави