| |

Јавен оглас за избор на 15 судии поротници

Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите (Сл. весник на РСМ број 58/06, 62/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и 96/19) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 год. на Судскиот совет на Република Северна Македонија (Сл. Весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 год.)

ОСНОВЕН СУД РЕСЕН
Објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С
за избор на 15 судии-поротници

Основниот суд Ресен на Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе му предложи 15 кандидати за избор на судии-поротници за време од 4 години.

I. Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени во чл.42 ст.2 од Законот за судовите и тоа:

  • да се полнолетни државјани на Република Македонија
  • да имаат завршено најмалку средно образование
  • активно да го владеат македонскиот јазик
  • да уживаат углед за вршење на функцијата судија-поротник
  • да не се постари од 60 години.

II. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судскиот совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

III. Заинтересираните кандидати кон пријавата да приложат, во оригинал или копии заверени на нотар:

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија (не постаро од 6-шест месеци)
  • Уверение за завршено образование
  • Потврда од казнена евиденција (не постара од 6-шест месеци)
  • Изјава (заверена на нотар) дека кандидатот се судија или судија-поротник во Основен суд Ресен и со член на Судскиот совет на РСМ не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

IV. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од денот на објавувањето на огласот.

V. Заинтересираните кандидати пријавата со прилог со потребните документи и контакт телефон можат да ја поднесат во писмена форма на приемното одделение на Основниот суд Ресен или по пошта на адреса ул., „Таќе Милошевски“ бр.3, Ресен (со назнака „За Јавен оглас за избор на судии поротници“).

ОСНОВЕН СУД РЕСЕН
Претседател, Емел Кранил Али

Слични Објави