| |

Балканска ѕвезда Харис Џиновиќ на втората вечер од Пиво Фестивал 2025



Прилеп вечерва ќе пулсира во ритамот на добрата музика и фестивалската еуфорија. Втората вечер на Пиво Фестивал 2025 носи богата музичка програма, а како главна ѕвезда најавен е балканскиот пејач Харис Џиновиќ, кој ќе ја затвори вечерта со својот добро познат репертоар.

Фестивалската сцена вечерва ќе ја отворат Јана Мрческа & Бенд, а веднаш потоа следи настапот на групата Калабалак, позната по својот уникатен спој на традиционални и модерни звуци. Посебно внимание се очекува да привлече и младиот Дамјан Стојановски, кој веќе стекна бројна публика со своите енергични настапи.

Кулминацијата е резервирана за настапот на Харис Џиновиќ, кој по подолго време ќе настапи пред прилепската публика. Организаторите најавуваат спектакуларна вечер, исполнета со хитови, позитивна атмосфера и многу забава.

Слични Објави