|

ПОВТОРНО НЕМА ПОЛАГАЊЕ ЗА ВОЗАЧКИ ВО ПЕЛАГОНИЈА

Министерството за внатрешни работи изрече 30-дневна забрана за работа на автоиспитниот центар „Супер возач“ поради утврдени нерегуларности. Парадоксално, токму оваа фирма пред само три месеци доби лиценца од истото министерство, откако била оценета дека ги исполнува сите потребни услови за работа.

„Супер возач“ ја доби лиценцата за Пелагонискиот регион бидејќи од трката отпадна единствениот конкурент, СИЦ АМ. Причината: немале обезбеден полигон во Ресен, откако сопствениците на единствениот таков објект таму одбиле да им го изнајмат, исто како и на „Супер возач“.

Комисијата за заштита на конкуренцијата деновиве донесе конечна одлука дека газдите на полигонот, прекршиле закон, бидејќи биле обврзани да го изнајмат на двете компании.

На 12 август 2025 година, „Супер возач“ објави дека нема да закажува и спроведува испити најдоцна до 13 септември. Според извори од МВР, токму поради нерегуларности во постапувањето, фирмата е санкционирана со 30-дневна забрана.


Проблеми уште од стартот

Возачите во Пелагонискиот регион – особено младите и оние што се подготвувале за повисоки категории – оваа година се соочија со сериозни проблеми. Многумина мораа да земаат дополнителни часови за да не ги заборават вештините или пак да вадат нови документи поради истек на важноста.

Причината лежи во тоа што од 15 декември 2024 до 13 мај 2025 во регионот немаше ниту една лиценцирана фирма за полагање испити. На МВР му беа потребни пет месеци и два јавни повика за да избере меѓу двата апликанти – дотогашниот испитен центар АМ и новата фирма „Супер возач“.

Првиот конкурс пропадна со образложение дека ниту една фирма не ги исполнува условите. Останува неодговорено прашањето како СИЦ АМ работел претходно, ако навистина не ги исполнувал. .

Слични Објави