Летна крводарителска акција во Црвен крст Прилеп
Црвениот крст Прилеп организира летна крводарителска акција што ќе се одржи во недела 10. Август, во просториите на организацијата. Акцијата ќе трае од 9 до 14 часот, а е наменета за сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат и да спасат живот. Ги повикуваме сите кои се во можност, да се вклучат и да даруваат крв во овие летни денови, кога потребата е зголемена.


