ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ПРИЛЕП – Ученикот од ООУ„Гоце Делчев“ е во стабилна состојба
На првиот учебен ден од второто полугодие се случи инцидент кој можеше да заврши трагично. Ученик од шесто одделение во ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп, паднал од прозорецот на третиот кат на училиштето, но за среќа е во стабилна состојба.
Како дошло до несреќата засега не е познато.
„Станува збор за примерен ученик кој никогаш не покажувал проблематично однесување“, наведуваат извори од училиштето.
Јавното обвинителство во Прилеп го истражува случајот, а првичните сознанија укажуваат дека станува збор за несреќен случај. Меѓутоа, конечната причина за падот ќе биде утврдена по завршувањето на истрагата.
Сите инциденти и пред нова година со предизвикот „Супермен“, како и овој случај треба да не алармира и мобилизира сите како општество.
Агресијата и опасните „игри“ се почесто се меѓу учениците и мора ИТНО да се реагира.