Меморијален турнир во чест на Сотир Мазар од 13 до 17 август
Другарите на Сотир од Крушево организираат турнир во мал фудбал по неговата прерана смрт.
Од 13-ти до 17-ти август 2025 година, на повеќенаменското игралиште на Гумење во Крушево, ќе се одржи Меморијален турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“ 2025. Турнирот е организиран во чест и сеќавање на Сотир Стојчески Мазар, кој ненадејно почина на 23 април годинава на 31-годишна возраст.
Турнирот ќе опфати најмногу 12 екипи, а вкупниот награден фонд изнесува 80.000 денари:
Прво место – 50.000 денари
Второ место – 20.000 денари
Tрето место – 10.000 денари
Покровители на турнирот се хотел Панорама & спа, Иннен Декор и Тагас Балкан, а главен покровител е општина Крушево. Поддржувачи на настанот со Еурофарм аптеки, Макстил и Кола.
Сотир Стојчески Мазар почина ненадејно на 23 Април 2025 година на 31 година. Тој се родил на 19-ти Август 1993 година на големиот празник Св. Преображение. Сотир беше голем љубител на фудбалот, а другарите го памтат по исклучителната интелигенција, верното другарство, скромноста и разбирање и толкување за општествениот живот кои го квалификуваа како интелектуалец пред времето.
Организаторите со овој турнир сакаат да го одбележат ликот и делото на Сотир преку спортот што тој толку многу го сакаше – фудбалот.


