Општина Могила со велигденска хуманитарна акција за најзагрозените
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Могила обезбеди сретства за хуманитарни пакети кои заедно со членовите на Советот на Општина Могила ги подели на социјално загрозени семејства од општината.
„Посетивме повеќе семејства во сите населени места, им посакавме среќни велигденски празници и им подаривме пакети со храна и средства за хигиена. Хуманоста и солидарноста се наш приоритет!“, напиша на ФБ градоначалникот од Општина Могила Драганчо Саботкоски.
Оваа акција е само дел од континуираните напори на локалната самоуправа за поддршка на ранливите групи и поттикнување на општествена солидарност. Општина Могила најавува дека и во иднина ќе продолжи со слични иницијативи, со цел никој од граѓаните да не биде заборавен.