|

Потпишани договорите за нови капитални инвестиции во Прилеп

Во Владата на Македонија се потпишани договорите за реализација на проекти што Општина Прилеп ги поднесе преку јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за 2025 година.

Вредноста на инвестициите изнесува околу 8 милиони евра и се наменети за капитални проекти на локално ниво.

Проектите опфаќаат:

  • Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“
  • Изградба на мост на улицата „Победа“
  • Реконструкција на улиците „Орде Чопела“ и „Трајко Николоски“ (вклучувајќи електроинсталации)
  • Изградба на нови детски игралишта во центарот и во населбата Типски
  • Нов водовод за село Лениште
  • Реконструкција на цевководот кон Индустриската зона и манастирот во село Селце
  • Инсталирање на фотонапонска централа на Пречистителната станица
  • SCADA интеграција со постоечкиот ГИС систем
  • Замена на дотраената водоводна мрежа во централното градско подрачје
  • Поставување на полуподземни контејнери на 21 локација
  • Реконструкција на фасадата на основното училиште „Рампо Левката“

Претходно, преку јавниот повик во 2024 година, Прилеп доби 3 милиони евра за три инфраструктурни проекти:

  • Кружен тек кај мостот „Табана“
  • Изградба на дел од улицата „Победа“
  • Реконструкција на водоводната мрежа во населбата Карабдалица

Водоводните линии се веќе завршени, а останатите два проекти се најавени да влезат во градежна фаза следната недела.

Со новите средства, вкупната инвестиција во Прилеп преку јавните повици од Министерството за локална самоуправа во последните две години достигнува приближно 11 милиони евра.

Слични Објави