| |

(Видео) Земјоделците 20 дена без вода – Водостопанство ветува санација за една седмица

Повеќе од дваесет хектари обработливо земјиште на левата падина од Прилепско Поле, веќе дваесет дена се без вода за наводнување.. Земјоделците, кои главно одгледуваат тутун, алармираат дека штетите ќе бидат огромни доколку не се интервенира веднаш. Минатата година истиот дефект се појавувал два пати, но брзо бил саниран.

Причината е сериозен дефект на хидросистемот, што се напојува од вештачкото езеро. Системот е клучен за одржување на земјоделското производство во овој дел на општината.

Земјоделците миурниот собир го направија и пред АД „Водостопанство“ – Скопје, Подружница „Прилепско поле“ – Прилеп, од каде беа известени дека само генералниот директор може да каже кога ќе се санира.

Во телефонски разговор, Филип Филипоски – генерален директор на АД „Водостопанство“. им вети дека за една седмица дефектот ќе биде саниран.

Слични Објави