Прилепскиот музеј со изложба во Истанбул – Изложба за Али Фети Окјар отворена во Истанбул

НУ Завод и Музеј – Прилеп во соработка со Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, Република Турција ја отвори изложбата посветена на животот и делото на Али Фети Окјар, истакнат државник, дипломат и близок соработник на таткото на модерна Турција – Мустафа Ќемал Ататурк.

Изложбата ја открива животната патека на Окјар – од неговите корени во Македонија до значајната улога во турската политичка историја, преку архивски материјали, фотографии и документи.

Слични Објави