Општина Прилеп ја зајакнува безбедноста во училиштата со нови мерки и иницијативи
Во Општина Прилеп денес се одржа состанок со сите директори на училиштата од територијата на општината, на кој главната тема беше безбедноста на учениците. Состанокот го водеше Претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец, во соработка со инспекторот од Државниот Завод за Стандарди, Јован Аврамоски.
Основен акцент на дискусијата беше унапредувањето на мерките за безбедност во образовните институции и создавање сигурна средина за учениците. На состанокот се разгледуваа тековните предизвици, како и плановите за подобрување на заштитата на децата во училиштата.
„Општина Прилеп останува посветена на соработката со училиштата и надлежните институции за да се обезбеди најдобро можно образование и заштита за нашите деца“, изјави Претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец.



