Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – 80 години настава на македонски јазик
Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, одбелува значаен јубилеј – 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик, формирањето на наставничкиот совет и одржувањето на првиот училишен час. На 1 февруари 1935 година, учениците првпат влегле во оваа значајна образовна институција.
Токму оваа гимназија денес е една од најпочитуваните и најреномираните средни образовни институции во Македонија. Името на училиштето го носи народниот херој Мирче Ацев, а од овде произлегле многу македонски интелектуалци и дејци, како Круме Кепески, автор на првата граматика за македонски јазик, Блаже Конески, кодификатор на македонскиот јазик.
Во овие 80 години, Гимназијата „Мирче Ацев“ има образувано повеќе од 14.000 ученици и вработено над 300 наставници. Оваа образовна институција е столб на македонското образование, а нејзините ученици и професори оставиле траен печат во сите области на општествениот живот.
„Одбележувањето на овој јубилеј е потврда на посветеност на образованието и традицијата што ја негува Гимназијата „Мирче Ацев“.
Гимназијата со работа започнала на 30 јануари 1945 год. кога се одржал првиот наставнички совет под раководство на првиот директор по ослободувањето, Стеван Шапчески – професор. Советот решил за име на Гимназијата да се предложат имињата Мирче Ацев и Пере Тошев, а од Народнослободителниот одбор прифатен бил предлогот Гимназијата да го носи името на нашиот сограѓанин Мирче Ацев- народен херој. На 1 февруари 1945 год. започнува да се изведува наставата во старата училишна зграда на сегашното основно училиште „Кочо Рацин“.
Ставан Шапчевски првиот директор на гимназијата „Мирче Ацев“ по ослободувањето.
Во првата учебна година Гимназијата започнала да работи како Полна гимназија (I-VIII) клас, а наставата се изведувала според наставен план и програма на мајчин – македонски јазик. Поради зголемениот број на запишани ученици во наредните учебни години се почуствувало недостиг на училиштен простор, така што во април 1947 година, започнала изградбата на нова гимназиска зграда во „Тризла Маало“ наспроти „Тутунски Комбинат“ и за две години, поточно во второто полугодие од учебната 1949/50 година Полната Гимназија „Мирче Ацев“ била преместена во новата зграда – каде што и денес се наоѓа, со 31 просторија за изведување на настава, фискултурна сала, спортски игралишта, канцелариски и други простории.
Прва генерација матуранти во Гимназијата Мирче Ацев.Зградата на Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп. (фотографија од 2012 год.)
Во учебната 1953/54 година настанале нови организационо-структурални промени во гимназијата, така што останале само вишите класови, а нижите и прогимназиите се слеани во основните осумгодишни училишта. Името Виша Гимназија го носела до учебната 1957/58 година, за потоа да стане 4 класно училиште за општо образование – гимназија.
Во 1959 година било извршено измена на наставните планови и програма од страна на Советот за просвета на НРМ. Со тие промени Гимназијата на младинците од 15-19 години им давала сигурни, широко стручни и научни знаења од областа на јазикот и литературата, другите општествени науки, од техниката и културата и др., со цел да ги подготви учениците со предзнаења за да можат успешно да ја следат наставата на Универзитет. Со цел да се изврши благовремена професионална ориентација на младите луѓе-гимназијалци, била воведена нова организација во наставата, односно реформирана четврто-класна Гимназија (I, II, III и IV клас) поделена во две насоки: општествено-јазична и природно-математичка.
Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната 1983/84 година се трансформирала во Училишен центар за општествено-техничка и медицинска насока, со 920 ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ сместеми во 29 парарелки и 58 вработени и Медицинско училиште со 350 ученици во 10 паралелки и 17 вработени. Тогаш уписот за прва година се вршел по изборна програма, според следните струки и занимања:
просветна струка – соработник во воспитно образовна дејност,
Воведувањето на новиот концепт на насочено образование и неговите промени во наредните години, веројатно не ги даде очекуваните резултати, така што во 1993 година Училишниот центар за општествено-техничка и медицинска насока „Мирче Ацев“, преминува во Гимназија „Мирче Ацев“ со паралелки за општа и природно-математичка гимназија, во согласност со промената на Законот за насочено образование.
Од учебната 2001/2002 год. во Гимназија „Мирче Ацев“ се применува новиот Наставен план за гимназиско образование што е донесен на ниво на Република Македонија.
Тимот на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија во рамки на активностите за одговорно играње игри на среќа, го посети советувалиштето во Прилеп. Советувалиштето, дел од проектот „Играј одговорно“, функционира во центарот за социјални работи и нуди психо-социјална поддршка за лица со проблематично играње. Проф. д-р Јован Велески, одговорен за проектот во Прилеп, истакна…
Македонската фудбалска репрезентација ја започна квалификацијата за Светското првенство 2026 со убедлива победа од 3:0 против Лихтенштајн во Вадуц. Стрелците за Македонија беа Александар Трајковски, Висар Муслиу и Бојан Миовски. Македонија доминираше од самиот почеток на мечот, а веќе по првото полувреме, резултатот беше решен. Во 8. минута, Трајковски погоди за водство од 1:0, додека…
Општина Новаци и годинава беше домаќин на 24. Пелагонски културно-научни средби, настан кој редовно привлекува внимание и интерес во научните и културните кругови. Овие средби, кои се одржуваат со цел да ја популаризираат општината и да промовираат локални научници, генерираат бројни културни и научни трудови, а од секоја средба произлегува и годишен зборник, поддржан од…
„Само успехот некои не можат да ти го простат, но наше е да работиме, оставиме траг и печат дека Крушево станува вистински ,,Супербренд”, прва општина во нашата држава која добива вакво меѓународно заслужно признание по втор пат од областа и развојот на туризмот. Ова признание е мотив повеќе да работиме и да придонесуваме за нашите…
Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година…
Актер, режисер, поет, а тој во тие призванија не гледа разлика. Неверојатно богат уметнички живот исполнет со патувања и авантури. Можеби и најголемиот бунтовник меѓу сите прилепски уметници.